Триесет и тригодишен битолчанец заедно со уште еден негов сограѓанин од куќата на неговиот татко украл 6.800 евра, инфомирираат од Министерството за внатрешни работи.
Тие двајца на 27-ми минатиот месец, влегле во куќата на 72-годишниот Д.Ј., татко на еден од крадците, од каде што украле околу 420 илјади денари.
Полицијата против двајцата поднесе кривична пријава за „тешка кражба“ и „гонење дела меѓу блиски сродници“.