Возрасна жена од струмичкото село Клуклиш во четвртокот е тешко повредна, откако претпладнето на неа налетало комбе во Струга.
Сообраќакниот инцидент се случил во 10.10 часот на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Струга, кога товарното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки а управувано од 41-годишниот Т.Т. од Битола, удрило во пешакот 63-годишната М.Ј., од струмичкото село Куклиш.
Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што била пренесена за укажување лекарска помош, информираат од МВР.