
На 05.05.2021 во 21 часот на улицата „Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 38-годишниот И.Л. од Битола. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а подоцна при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со траги од марихуана и пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.