Битолчанец со трактор влегол во казино

Ноќта кон вторникот, половина час по полноќ полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 40-годишниот битолчанец П.К..

Тој се сомничи дека на вопонеделникот ноќта, 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.