Битолчанец во казино сменил фалсификувани евра

Кривична пријава  е поднесена против В.Л.(34) од Битола  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Како што соопштува МВР, на 2-ри декември минатата година, вработена на каса во казиното „Сенатор“ во Битола на  му заменил на битолчанецот банкнота од 100 евра. При примопредавање на смената забележале дека банкнотата е фалсификувана.