Две пријави за напад се поднесени во битолската полиција за инцидент кој се случил вчера во викендичка во Нижеполе.
Во во 15.40 часот во СВР Битола, Л.З.(48) од Битола пријавила дека К.С.(22) од Битола физички ја нападнал нејзината 17-годишна ќерка.
Истиот ден во 15.50 и 16.10 часот во СВР Битола, И.Ј.(18) и В.А.(18), двајцата од Битола пријавиле дека во куќа во с.Нижеполе биле физички нападнати од К.С.(22) од Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.