Битолскиот актер Огнен Дранговски во недела заминува за Лондон, каде што во наредните два месеци ќе биде дел од ансамблот на Глоуб театарот.
Четири недели ќе ја работат претставата Венецијанскиот трговец од Вилијам Шекспир, а тој го игра ликот на Шајлок. Следните четири недели претставата ќе се игра како дел од редовниот репертоар на Глоуб театарот. Планирани се петнаестина изведби, а постои можност и на лето повторно неколку пати да биде одиграна за тамошната публика.
„ Возбуден сум од сето ова што ќе бидам дел од тој ансамбл, ме чека напорна работа, премиерата ќе биде на 6-ти март, а досега се распродадени 20.000 билети“ вели Огнен Дранговски. Ова е за прв пат актер од Македонија да биде професионално работно ангажиран во овој театар.