Началникот на Криминалистичката поција во СВР Битола, Николче Ѓорѓиевски, замина во пензија без да го користи одморот. Привилегирано ќе му го исплати Министерството за внатреши работи, а допрва ќе тужи за прекувремени работни часови…
Сепак, најинтресно е што сега веќе поранешниот началник е неверојатен светски рекордер остварени прекувремени работни часови. Имено, тој само за минатата 2021 година има направено неверојатно дури и за Гинисовата книга на рекордите 2.200 прекрувремени часови, надвор од редовното работно време.
Од нив исплатени се по 32 прекувремени часови месечно или вкупно 384 ласови во 2021 година, а за другите повеќе од 1.800 часови најавил дека ќе поднесе тужба.
Но, според запознаените со случајот извори во битолското СВР, познато е дека Ѓоргиевски во 2021 година речици месец и половина бил на годишен одмор и дека редовното работење на месечно ниво опфаќа 176 часови, заедно со прекувремените повече од 2.200 часови направвени за помалку од десет и пол месеци, тогаш произлегува дека началникот работел секој работен ден во годината по 15 часови дневно!?
Во одредени месеци „рекордерот“ работел и преку 250 часови над редовното работни време, а еден дури имал и приближно 290 прекувремени часови.
Но тука не запира „подвигот“ на шефот на битолската криминалистичка полиција. Имено, во јануарио 2022 година, покрај редовните 176 работни часа, Ѓоргиевски има остварено приближно повеќе од 180 прекувремени часови, што значи дека на извршување на „работни задачи“ тој месец бил и по 16 часови дневно?!.
Познавачите на ситуацијата велат дека станува збор за тешка злоупотреба на позицијата од негова стрнаа, но и од стрнаа на, исто така сега пензионираниот, началник на СВР Битола, Славно Јовановски, кои му ги одобрувал прекувремените работни часови.
Може само да се претпостави колку „ударникот“ Ѓоргиевски ќе добие надомест за повеќе од 2.200 часови прекувремено ангажирање, и тоа само за една година.
Но, велат соговорниците, СВР Битола и онака е позната по „пожртвуваноста“ на нејзините началници, и оти има и други „херои на трудот“, и тоа на светски ниво. Притоа, на тоа се придодава дека покрај исплата на редовната плата и прекувремените часови, сите овие лица ќе ја добијат и ткн 13-та плата, односно дополнителен износ од една просечна плата.