Битолски театар слави 75 години

Битолскиот народен театар денеска слави 75 години постоење. Основан е на 14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“. Првите членови и основачи на театарот биле: Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Од 1980 година, театарот работи во нов објект.

И покрај 75те години кои ги носиме на грбот како најстар театар во нашата земја, ние сме се сеуште млади, полетни, свежи, освестени, одговорни, ангажирани… Долгот кон нашите претци и нашата обврска кон идните генерации е нашиот најголем мотив да продолжиме напред. Со нашата уметност и умешност да се сместиме онаму каде од секогаш сме припаѓале. Поблиску до Вас драга публико, но и до публиката на сите континенти.
Му го честитаме 75тиот роденден на нашиот Битолски, од наше и од Ваше име.
Да ни е долговечен.
Среќен роденден!, напишаа на Фејсбук.