
Битолскиот музеј со своја изложба на Славјанскиот карневал во седиштето на УНЕСКО во Париз. На карневалот од Македонија беа претставени Битолските Бабари, Прилепските мечкари маски од струмичиот и вевчанскиот карневал
„ На изложбата се претставија 12 земји меѓу кои и Македонија. Носител на проектот од нашата земја е НУ Завод и музеј Битола а проектот го финансираше Министерството за култура на Р.Мaкедонија “, изјави Лилјана Христова директор на НУ Завод и музеј Битола.
Изложбата се одржа по иницијатива на Форумот на словенски култури, кој е пријател на УНЕСКО и ИКОМ. УНЕСКО пред повеќе од една деценија го препознал проектот при што го заштитил со Конвенција во 2003 година
„ Целта на проектот беше да се претстават различностите и сличностите кај славјанските народи при обичаите со маски и карневали. Од презентациите можеше да се забележиу дека некои од нив претставуваат тивки паради, некои гласни и бучни, агресивни, забавни, од смешни до страшни. Одејќи поблиску кон селата се забележува симболиката на истите поврзана со земјоделието, преодот кон зима и лето, младите невести и др“, изјави Ирена Ружин програмски директор на НУ Завод и музеј Битола.
Изложбата била отворена од генералниот претседател на ИКОМ, заменик директорот за културно наследство на УНЕСКО а присуствувал и Амбасадорот на Р.Македонија во Франција Агрон Буџаку. Од музејот со најава дека изложбата ќе биде претставена во сите земји учеснички и Романија во наредните две години .