ФОТО: Кога на бившиот ќе му го пратите текстот од новата песна на Адел…

Што се случува кога на бившиот ќе му го пратите текстот од новата песна на Адел? Корисничката што на Твитер се претставува со алијасот Мери Синдарела го проба токму ова.

Таа во разговор со бившиот го вметна целиот текст од песната на Адел, па еве што излезе:

pesnata-na-adel

Еј, сигурно те барав илјада пати

– Што??? Мислам дека ти е погрешна математиката

Заборавив како беше пред светот да се сруши врз нас

– Што сакаш да кажеш?

Да ти кажам дека ми е жал што ти го скршив срцето, но не е важно, јасно е дека не те засега повеќе.

– Не, јас сум тој што треба да се извини. И ти секогаш го велиш тоа. Ти си таа што се чувствува супер во моментов. Навистина сеуште ти недостигам?

Се прашував дали по сите овие години би сакал да се сретнеме и да надминеме се…

– Мислам дека многу ќе жалиш за ова што го говориш кога ќе се отрезниш.

Не е тајна, дека и на двајцата не ни преостанува многу време

– Не ни преостанува многу време???

Толку типично за мене, да говорам само за себе, извини. Се надевам дека си добро

– Срце што зборуваш? Ти недостигам???

Можеш барем да кажеш дека се обидов

– Последниот пат кога те прашав дали сакаш да излеземе кога дојдов во Аубурн ти ми рече да одам да се е..м!

Инаку, овој разговор наиде на бурна реакција на социјалните мрежи и стана вистински хит.