Бившиот градоначалник на Охрид добил вазна во глава во тепачка. Александар Петревски бил удрен со вазна во глава. Инцидентот се случил денес околу 14 часот во канцеларии на Агенција за недвижности на булевар „Туристичка“ во Охрид.
Како што неофицијално дознаваме, во канцелариите избувнала тепачка помеѓу неколку лица од Охрид и Струга. Во канцеларијата биле три лица, а еден од нив е бившиот градоначалник на Охрид.
Првично настанала расправија помеѓу нив. Едниот од нив го удрил Петрески со вазна во главата, а потоа се обидел да извади пиштол, но бил спречен од страна на бившиот градоначалник и другото лице.
Откако на лицето му бил одземен пиштолот, тој се вдал во бегство. Во моментов полицијата врши увид на местото на настанот.
Како што дознаваме, Петрески е префрлен во болница и е хоспитализиран.