Разговорите меѓу Владата и бизнис заедницата за минималната плата се уште не се завршени. Бизнис заедницата останува на ставот дека тоа вештачки не треба да биде наметнато, туку тоа компаниите сами да го направат.
-Ставот останува ист. Секој вештачки обид на зголемување на минималната плата за нас не е добар, затоа што, како што знаете приватниот сектор работи секојдневно и е реална материја што се менува на дневна, недела, месечна основа. Треба да ги следиме условите на пазарот. Треба да гледаме како пазарот се менува. Треба да креираме лица кои ќе ги задоволат потребите и треба да влезат на тие работни места. Тоа не можеме да го направиме вештачки, смета претседателската на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.
Оценува дека минималната плата е нешто што природно треба да се зголемува.
-Условите на пазарот ги знаете. Се соочуваме со недостиг на квалификувана работна сила, особено на оние што имаат специфични занимања и тоа е она на што треба да се обрне внимание и треба да биде една посеопфатна стратегија на држвата особено во делот на образованието и особено како да генерираме вакви кадри, не само од основното, средното и високото образвоание, исто така и преку преквалификација и доквалфикација, посочи Арсовска.
Министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, пак, вели дека во фаза на разговори е колку би изнесувала минималната плата и кога ќе се презицира тоа ќе биде објавено.
-Ова е во фаза на разговори и не би можела да ја прецизирам. Тоа се разговара со бизнис заедницата и дека усогласувањето ќе биде објавено, рече Апостолска, која додаде дека Владата не се откажува од тоа и дека сепак мора да се постават некои рамки.
-Тоа е заеднички процес. Држвата треба да ги создава условите поддршката, а компаниите сами да проценат каде и кој инструмент е најдобар да задржи вработен, вклучително и преквалификации доквалификации на нови вработени, рече Апостолска, додавајќи дека не треба вештачи категории за воведување и износи на минимални плати, туку тоа да го размислуваат самите компании оти тоа е еден инструмент на задржување на вработени, а потоа квалификациите, преквалификации. (МИА)