Бизнисменот Владимир Стајиќ близок до структурите на власта кој беше споменуван и во неколку афери, од нафтениот бизнис се шири во медиумскиот простор, објави Страна.мк
Имено Стајиќ го купил порталот НоваТВ каде што долги години работи новинарот Борјан Јовановски.
Бизнисменот Владимир Стајиќ е сопственик на компанија која се занимава со нафтени деривати „Супертрејд“, а под оваа компанија е регистриран и брендот „Гулфоил“.
Според медиумските натписи, компанијата на Стајиќ веќе во првата година од владењето на владата на Зоран Заев, добила 5,6 милиони евра од зделки со државата, добивајќи дури 38 тендери.
Супертрејд во 2019 година доби милионски договор со Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.
Истата година се појави и скaндaлозна снимка на социјалната мрежа „Твитер“ за која се тврди дека може да се види сопственикот на бензинските пумпи „Гулф Оил“ Владимир Стајиќ како фpлa поголема cyма на долари во oгaн со кои, како што вели – „се зaгpeва“.