Бизнисот против избори летово, аналитичарите го „пикираат“ крајот на јули

Избори веднаш по корона состојбата би биле погубни за бизнис секторот кој и онака во време на предизборите е во стaгнација, а сега со предвидувањата за рецесија поради справувањерто со КОВИД-19 може да биде уште пофатално за македoнската економија. Ова е предупредувањeто на претседателката на Сојузот на Стопански комори по се погласните најави од власта дека веднаш по нормализирање на состојбата треба да се одржат одложените избори од 12 април, објави Сител.

Арсовска вели дека фокусот во моментов треба да биде економски пакет за справување со последиците од КОВИД-19 во бизнис секторот.

Дел политички аналитичари, пак, сметаат дека изборите сепак треба да се одржат веднаш откако ќе стивне здравствената состојба со короната, пред се бидејќи со изборите ќе се овозможи функцинално Собрание.

Тој потврдува дека бизнис секторот ќе пострада уште повеќе ако веднаш по вонредната состојба се организираат избори, но дека тоа сепак е подобро решение отколку да се оддолжат сите процеси во државата.

Владејачката СДСМ вчера најави дека по нормализирање на состојбата избори со маски и држење на дистанца се сосема возможни. Од друга страна, од опозциската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за избори е рано, а сега треба да се мисли на здравје и економија. Шефот на државата Пендровски, пак, веќе најави лидерска средба за првата половина од мај на која ќе се разговара за одржувањето на избори.