На њујоршки Волстрит цените на акциите благо паднаа во четвртокот бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред извештајот за работните места во САД, што може да влијае на насоката на пазарот.
Инекост Dow Jones загуби 0,44 отсто, на 42.011 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,17 отсто, на 5.699 поени, а индексот Nasdaq 0,04 отсто, на 17.918 поени.
Инвеститорите беа фокусирани на вчерашните податоци кои покажаа дека услужниот сектор на американската економија продолжува да расте.
Благиот пораст на барањата за помош за невработени минатата седмица потврди, пак, дека пазарот на труд е сѐ уште стабилен. Во петок ќе биде објавен официјалниот септемвриски извештај за вработувањата, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот.
Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека бројот на вработени се зголемил за 140 илјади, а стапката на невработеност останала непроменета на 4,2 отсто.
Доколку податоците се повисоки од очекуваното, тоа би значело дека состојбата на пазарот на трудот е подобра од проценетата и затоа Fed нема причина дополнително да ги намалува каматните стапки. Доколку, пак, податоците се послаби од очекуваното, ќе зајакнат шпекулациите за нагло намалување на каматните стапки од страна на централната банка во ноември.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,17 отсто, на 8.290 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,78 отсто, на 19.015 поени, а париски CAC 1,32 отсто, на 7.477 поени.