На Волстрит берзанските индекси благо паднаа во вторникот, првпат по осум дена раст, бидејќи немаше нови вести за поддршка на натамошни добивки на цените на акциите.Индексот Dow Jones загуби 0,15 отсто, на 40.834 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,20 отсто, на 5.597 поени, а индексот Nasdaq 0,33 отсто, на 17.816 поени.
По осум дена раст, S&P 500 и Nasdaq индексите вчера благо паднаа бидејќи немаше нови вести за поддршка на растот на цените на акциите.
Меѓу 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите најмногу паднаа во енергетскиот сектор, во просек за 2,7 отсто, додека добитниците ги предводеше трговскиот сектор со раст од 0,5 отсто.
Пазарот долго време е поддржан од верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки во септември, со оглед на тоа што инфлацијата во САД се намалува. Се очекува дека Fed ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени, но има и такви кои се обложуваат дека намалувањето ќе биде значително поголемо – за 0,50 процентни поени.Затоа со нетрпение се очекува говорот на претседателот на Fed, Џером Пауел на состанокот на централните банкари во Џексон Хол во петокот.
„Основното прашање е дали Fed ќе ги намали каматните стапки за 0,25 или 0,50 процентни поени во септември. Инвеститорите ќе ги читаат коментарите на Пауел меѓу редови за да видат колку агресивно ќе биде првото намалување на каматните стапки на Fed“, рече Чак Карлсон, директор во компананијата „Horizon Investment Services“.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 1,0 отсто, на 8.273 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,35 отсто, на 18.357 поени, а париски CAC 0,22 отсто, на 7.485 поени.