На азиските берзи во вторникот претпладнето по средноевропско време цените на акциите благо пораснаа, благодарејќи им на најавите за нови поттикнувачки мерки за кинеската економија, но се тргува претпазливо бидејќи зголемување на каматните стапки на австралиската централна банка.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи без јапонските во раното утринско тргување беше во плус од 0,4 отсто. Притоа на Токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на кации во Јужна Кореја и Хонгконг се лизнаа за меѓу 0,1 и 0,4 отсто. Во Австралија и во Шангај, пак, пораснаа за меѓу 0,1 и 1 отсто.
Поддршката на пазарите му дадоа сигналите на кинеските власти дека на стопанството му е потребна итна помош, бидејќи низата податоци укажуваат дека губи во залетот по коронакризата. Кинеската централна банка, пак, утрово ја намали стапката на обврската за издвојување резерви во странски валути за да се поддржи домашната валута јуанот,
И додека Кина најавува нови поттикнувачки мерки, централната банка на Австралија веќе со месеци наназад ја заострува монетарната политика за да ја сузбие инфлацијата. Вложувачите очекуваат дека челниците на банката и на денешната седмица ќе ги зголемат каматните стапки, за натамошни 0,50 отсто на вкупни 2.35 отсто.
Во четврток, пак, заседаваат челниците на Европската централна банка (ECB), од коишто, исто така, се очекува зголемување на клучните каматни стапки, можеби и за 0,75 процентни поени. Покрај тоа, вложувачите ги загрижува и ситуацијата во Европак, каде што енергетската криза би можела да предизвика подлабока и подолга рецесија.
Доларот ослабе, цените на нафта паднаа
На валутниот пазар вредноста на американскиот долар кон кошницата валути се лизна од највисоките нивоа во последните 20 години.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи претпладнево околу 109,46 бодови, додека во понеделникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 110,68 поени.
Притоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 140,20 на 140,30 јени, што е неговото највисоко ниво во 24 години.
Меѓутоа, американската валута ослаби во однос на европската, па цената на еврото достигна 0,9963 долари, откако вчера првпат по 20 години се лизна под нивото од 0,99 долари.
Еврото е под притисок, бидејќи рускиот енергетски гигант „Газпром“ нема да ги продолжи испораките на гас во Германија преку Северен тек 1 поради истекување на масло, што треба да го сервисира германската компанија „Siemens“.
Поради тоа во понеделникот цените на гасот во Европа скокнаа за дури 35 отсто, што се заканува со продлабочување на енергетската криза во Европа и да ја турне економијата во рецесија. Од друга страна, пак, рекордно високата инфлација во блокот ја притиска ECB на агресивно заострување на монетарната политика на претстојната седница во четвртокот.
Цените на нафтата, пак, паднаа утрово на лондонскиот пазар, откако вчера пораснаа за околу 3 отсто бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одлучи да го намали производството во октомври за 100.000 барели за да ја поддржи цената.
Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна во вторникот во раното претпладневно тргување за 0,47 отсто, на 95,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 2,4 отсто, на 88,95 долари.