Благ раст на берзите во Азија и на нафтата, доларот стабилен

На азиските берзи во четвртокот цените на акциите пораснаа по остриот пад ден претходно, но вложувачите се претпазливи поради шпекулациите дека поради високата инфлација во САД, американската централна банка Federal Reserve (Fed) би можела во септември да ги зголеми дополнително клучните каматни стапки за цел процентен поен.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи без јапонските, околу 7 часот беше во плус од 0,4 отсто, откако вчера потона за повеќе од 2 отсто. Утрово на Токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Хонгконг пораснаа за меѓу 0,2 и 0,4 отсто. Во Јужна Кореја и Шангај, пак, паднаа за 0,2 односно 1 отсто.

Повеќето азиски берзи го следат вчерашниот раст на Волстрит, каде индексот Dow Jones зајакна за 0,10 отсто, S&P 500 за околу 0,3, a Nasdaq индексот за 0,7 отсто. Во Њујорк по остриот пат ден претходно, вчера тргувањето малку се примири, но се тргуваше нестабилно бидејќи вложувачите се несигурни во врска со зголемувањето на каматните стапки во САД.

Вложувачите стравуваат дека подолгиот период на заострување на монетарната политика, ќе ја доведе американската економија во подлабока рецесија. Технички, американската економија веќе нурна во рецесија, имајќи предвид дека по последните две тримесечја падна на квартални нивоа, но засега таа рецесија е плитка.

 

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи недалеку од највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот, која ја мери вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 109,70 поени, додека во средата во истиот период од тргувањето изнесуваше 109,75 поени.

Притоа курсот на долари кон јапонската валута се лизна од вчерашните 144,55 на 143,05 јени.

Меѓутоа, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9970 долари, додека вчера во овој период од денот изнесуваше 0,9980 долари.

 

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар во раното претпладневно тргување зајакна за 0,10 отсто, на 94,12 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,20 отсто, на 88,67 долари.