Благ раст на доларот, нафтата поевтини

На валутните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската во однос на шесте најважни светски валути, во петокот претпладнето благо порасна за 0,2 отсто, на 103,3 поени, но не бележи поголеми промени од почетокот на седмицата.

Истовремено, курсот на еврото ослабе за 0,1 отсто во однос на доларот, на 1,09122 долари, а курсот на јенот за 0,8 отсто и изнесува 147,2 јени за долар.

На нафтените пазари во петокот цените на барелот паднаа, но од почетокот на семицата забележаа голема добивка.

Цената на барел нафта од типот Brent на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,2 отсто, на 78,97 долари, додека од почетокот на седмицата порасна за повеќе од три отсто. На американскиот пазар и барелот нафта од марката WTI претпладнево поевтини за 0,2 отсто, на 76,03 долари, додека во однос на почетокот од седмицата е за повеќе од три отсто поскапа.