![Volstrit berza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Volstrit-berza.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Берзанските индекси благо пораснаа на Волстрит во вторникот, во претпазливото тргување пред објавувањето на записникот од последниот состанок на американската централна банка (Federal Reserve – Fed) и кварталниот деловен извештај на технолошкиот гигант „Nvidia“.
Индексот Dow Jones зајакна 0,17 отсто, на 39.872 поени, додека S&P 500 порасна за 0,25 отсто, на 5.321 поен, а индексот Nasdaq 0,22 отсто, на 16.832 поени.
Новите рекорди за S&P 500 и Nasdaq следеа по претпазливото тргување додека во средата се очекуват објави на вести кои би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот. Ќе биде објавен записникот од последната седница на Fed, кој најверојатно ќе покаже дека мнозинството челници на централните банки сметаат дека поради сѐ уште високата инфлација, нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки.
Дополнително, ќе биде објавен и кварталниот деловен извештај на „Nvidia“, водечкиот производител на чипови за вештачка интелигенција, кој ќе покаже дали побарувачката за овие чипови останува силна. Исто така, ќе покаже дали високата цена на акциите на „Nvidia“ е одржлива. Имено, од почетокот на годината цената на оваа акција е зголемена за повеќе од 90 отсто, откако минатата година скокна за речиси 240 отсто.
„Инвеститорите во моментов само седат и чекаат среда, тие не сакаат да преземаат значителни ризици пред објавувањето на записникот на Fed. Банката на федерални резерви зависи од макроекономските показатели и ќе го направи она што го сугерираат тие показатели. И тоа е тоа. Но, пазарот ќе продолжи да проценува дали ФЕД ќе ги намали каматните стапки или не во септември“, вели Сем Стовал, стратег во компанијата „CFRA Research“.
Цените на акциите на Волстрит значително пораснаа минатата седмица, бидејќи малку подобрите од очекуваните податоци за инфлацијата ги поттикнаа шпекулациите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки двапати во втората половина од годината, во септември и декември, за по 0,25 проценти.
Но, челниците на централната банка со седмици предупредуваат дека инфлацијата се уште е над целните нивоа на Fed дека треба да бидат трпеливи за намалување на каматните стапки.
И на европските берзи цените на акциите вчера благо паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,09 отсто, на 8.416 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,22 отсто, на 18.726 поени, а париски CAC 0,67 отсто, на 8.141 поени.