Дерматовенерологија или Дермавенетерологија? Неписменост или ненамерна грешка во пишување?
Чудно е како таблата која осамна кај поликлиниката Букурешт е со огромната грешка не е воочена при поставувањето. Исто така, зачудува и доколку била забележана грешката, зошто не е исправена, односно таблата сменета за да се избегне срамот и потсмевањето од целата јавноста.
Меѓу оние кои саркастично реагираа на социјалните мрежи, е и реномираниот професор Никола Пановски, кој се прашува дали станува збор за нова гранка во медицината, ете, за којашто тој иако професор на медицина не е известен
„Се извинувам, дали некој знае која гранка не медицината е ова? Ми личи на Дерматовенерологија, ама да си прашам. Сепак луѓето ја порачале, можеби ја платиле, ја закачиле (веројатно ја прочитале пред да ја закачат), па јас да не не знам за оваа супсупспецијалност!!!за која граѓаните на социјалните мрежи се смеат, а всушност ова е срамно, а не смешно“.