Претседателот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, потврди дека актуелниот предводник на „светците“, Лорен Блан ќе добие понуда да потпише нов побогат договор.
„Лорен Блан сигурно дека ќе остане на „Паркот на Принцовите”. Ќе му биде понуден нов договор, договор со подобри финансиски услови. Сакаме Блан да биде тренер на ПСЖ и во следните неколку сезони. Задоволни сме од неговата работа, лидери сме во домашниот шампионат и обезбедивме пласман во следната, 1/4 финална рунда од Лигата на шампиони. ПСЖ нема тука да застане, не се ближи крајот на овој голем проект, ова се само првите чекори,“ изјави Ал-Келаифи.