Тренерот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, Лорен Блан е еден од ретките фудбалски стручњаци кои не сакаат на располагање да ги имаат и услугите на најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси.
“ПСЖ ќе одвои 250 милиони евра за Меси? На оваа тема треба да разговарате со специјалистите за трансфер шпекулации. Меси е фудбалер на Барселона. Јас веќе ги открив сите планови на ПСЖ кога е во прашање зимскиот преоден рок. Ако купиме нов фудбалер и ако истиот биде од светска класа, тогаш станува збор за фудбалер кој ќе игра во средниот ред. Ние немаме потреба од нов напаѓач”, изјави Блан.