Блан сега си го побара и Азард

Иако пред неколку часа му беше исполнета првата поголема желба, трансферот на бразилскиот интернационалец од редовите на Челзи, Давид Луиз, предводникот на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Лорен Блан сега побара во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на белгискиот интернационалец, Еден Азард.

„Едноставно го обожувам Еден Азар. Тоа е играч кој може во секој момент да елиминира три или четири противнички фудбалери. Умее неверојатно добро да ја дестабилизира одбраната на противникот и тоа го прави на така лесен начин. Знам дека ќе биде ѓаволски тешко да го донесеме во нашиот клуб, но, секако дека вреди да се обидеме. И не само тоа, вреди навистина добро да се потрудиме“, изјави Блан.
Големата желба на Блан може да стане реалност само доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 70 милиони евра.