Фудбалерите на Блекбурн Роверс изборија пласман во осминафиналето на ФА Купот откако на „Ивуд Парк“ го совладаа четвртолигашот Врексем со 4:1.
Гостите поведоа во 19. минута со голот на Енди Кенон на одушевување на 7.000 навивачи на Рексем кои отпатуваа за Блекбурн.
Во ноември 2020 година, Врексем беше купен од филмските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб МекЕлхени и под нивно водство клубот се врати во четвртиот степен на англискиот фудбал по 15 години. Сезонава прават одлично туркаат во „Лига 2“, но за нив немаше холивудска бајка на „Ивуд Парк“.
Поранешниот трикратен англиски шампион, кој моментално е член на втората класа на англискиот лубски англискиот фудбал (Чемпионшип), заигра посериозни и го сврте резултатот со четири гола предводен од Самуел Шмодич, Сем Галагер и Сондре Тронштад.
Шмодич постигна два гола (32, 45+1), Галагер постигна еден гол (34) со две асистенции, додека Тронштад реализираше (59) и асистенција.
На патот до осминафиналето Врексем оствари три победи (Шрусбери Таун 1:0, Јеовил Таун 3:0, Менсфилд Таун 2:1).
Блекбурн во осминафиналето го чека Њукасл Јунајтед кој во саботата го победи Фулам со 2:0.