![blerim bedjeti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/blerim-bedjeti.jpg?resize=610%2C400&ssl=1)
Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, објави дека повеќе нема да ја предводи општината, туку ќе продолжи како пратеник во Собранието.
Тој е актуелен организациски секретар на ДУИ и поранешен министер за правда.Еднаш веќе беше пратеник од 2006 до 2009.
„Почитувани граѓани на општина Сарај и пошироко, сакам да ве информирам дека од денеска започнува моето ново патување како пратеник и вашиот глас во Собранието на Македонија. Сакам да се заблагодарам на секој од вас што ме поддржа на локалните избори за да застанам на чело на општина Сарај и сега на парламентарните избори да ве претставувам во Собранието. Ви ветувам дека ќе бидам гласот на волјата на народот и ќе ви докажам дека легитимитетот на албанскиот глас му припаѓа на Европскиот фронт. Продолжуваме обединети за најдоброто од граѓаните, европската држава и за подобар економски развој“, соопшти Беџети.