Далас Маверикс ја продолжи неверојатната победничка серија откако синоќа со 102-98 го доби Торонто Репторс. Лука Дончиќ, кој пред само неколку дена се врати после повреда, уфрли 41 поен, 14 скока и 7 асистенции. Ѕверска партија на Словенецот:
Мегаломански настап имаше и Жоел Ембид, кандидатот за МВП наградата кој во триумфот на неговата Филаделфија против Орландо Меџик 123-110 постигна 50 поени со 12 скока (20 од 22 поени на неговиот тим во првата четвртина беа негово дело).
Ембид стана и само третиот кошаркар во историјата на франшизата кој дал најмалку 50 поени на еден меч.