
Исклучително возбудлив натпревар во неделата одиграа во рамките на 21-то коло од италијанското фудбалско првенство на римскиот стадуниот „Олимпико“ Рома која водеше со 3:1 и Јувентус кој на крајот победи со 4:3.
„Волчицата“ беше во водство со 1:0 и со 3:1 до 70 минута, кога торинската „Стара дама“ успеа со три брзи погодока дојде до пресврт од 4:3, кое успеа да го задржи до седмата минута од судиското продолжување иако од 81 минута играше без исклучениот Матијас Де Лихт, а Рома имаше и нереализиран пенал.
Целиот натпревар беше жесток, создадени многу шанси и голови. Во 11 минута Тами Абрахам ја доведе Рома во водство, но веќе во 18 минута израмни Паоло Дибала со убав и прецизен удар. Домашните уште пожестоко го отвори второто полувреме и во 48 минута ново водство донесе Хенрик Мктаријан, а на 3:1 зголеми веќе во 53 минута Лоренцо Пелегрини кој подоцна се претвори во трагичар на мечот.
Вистински шок Рома доживеа во периодот од 70 до 77 минута, кога прими три погодока. Мануел Локатели во 70, Дејан Кулушевски во 72 и Матијас Де Шиљо во 77 минута го направија големиот резултатски пресврт за Јувентус.
Но набрзо следеа нови драматични моменти на „Олимпико“. Одбранбениот играч Де Лихт го доби вториот жолт картин, а истовремено беше досуден пенал за Рома и шанса за израмнување. Но Пелегрини од два обида не успеа да го совлада Шчечни кој го одбрани првиот удар, до дека во вториот обид играчот на Рома лошо ја зафати топката. Јуве до крајот на мечеот успеа да се одбрани и да прокнижи големи гостински победи во дерби дуел.
Јувентус ја продолжи добрата лигаша низа и сега има пет победи и два ремија во последните седум кола. И натаму е петти на табелата но сега со 38 бодови се приближува на водечката четврорка – Аталанта со 41, Наполи со 43, Милан со 48 и Интер со 49 бодови. Рома остана осма со 32 бодови.
Џенова, за која второто полувреме го одигра македонскиот интернационалец Горан Пандев, забележа нов неуспех, откако на свој терен беше поразена од Специја со голот кој уште во 14 минута го постигна Симоне Бастони. Специја е 16-та со 19 бодови, а Џенова остана на 12 бодови, пет бодови помалку од зоната на опстанок.
Интер се врати на водечкото место во Серија А откако дома го совлада Лацио со 2:1. Сега Интер со осмата лигашка победа во низа, има 49 бодови, бод повеќе од второпласираниот Милан но и меч помалку од градскиот ривал. Но Лацио ја прекина серијата од шест меча на Интер без примен погодоко. Лацио остана осми со 32 бодови.
„Нераѕурите“ поведоа во 30 минута со голот на Алесандро Бастони само пет минути подоцна израмни Чиро Имобиле, а победничкиот погодок го постигна Милан Шкрињар во 67 минута.
Само третата победа сезонава ја впиша Салернитана која со 2:1 победи на гости кај Верона. Гостите поведоа во 29 минута од пенал кој го реализираше Милан Ѓуриќ, домашните израмнија во 63 минута преку Дарко Лазовиќ а Салернитана победи со голот на Григорис Кастанос 70 минута, а кај Верона во 88 минута беше исклучен Иван Илиќ.
Верона остана 12-та со 27 бодови, а Салернитана остана последна 20-та сега со 11 бодови, шест бодови помалку од зоната на опстанок.