
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Русија „веднаш“ да ги деескалира тензиите и да ги повлече своите војници од границите на Украина во разговорот денеска со рускиот колега Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.
Блинкен „нагласи дека понатамошната инвазија на Украина ќе биде дочекана со брзи и тешки последици“.
Тој ја повика Русија „да тргне по дипломатски пат“, се вели во соопштението на Стејт департментот.