Блинкен ја повика Србија да го овозможи одржувањето на Европрајд

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Србија да го овозможи одржувањето на Европрајд

„Слободата на мирно собирање и изразување се суштински компоненти на здрава демократија“, напиша Блинкен на Твитер, додавајќи дека правата на членовите на ЛГБТКИ+ се човекови права.

Да потсетиме, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека Европрајд нема да се одржи и дека нема да има промена на таа одлука, и да му се јави самиот американски претседател Џозеф Бајден.