Украинците имаат план за „континуитет на владата на еден или друг начин“, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски биде убиен, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен на Си-Би-Ес.
„Украинците имаат планови за кои нема да зборувам или да навлегувам во какви било детали за да се осигурам дека има континуитет на владата на овој или оној начин, и ќе останам на тоа“, рече Блинкен. .
Блинкен, исто така, му даде комплимент на Зеленски за неговото „лидерство“ низ оваа криза.
„Водењето што го покажа претседателот Зеленски, а го покажа и целата влада е извонредно, тие беа олицетворение на овој неверојатно храбар украински народ“, рече Блинкен, пренесе Си-Ен-Ен.