Државите на Блискиот исток мора да го употребат своето влијание врз регионалните актери за да осигураат судирот во Појасот Газа и да се заузди и да се спречи „бескрајниот циклус на насилството“, порача американскиот државен секретар Ентони Блинкен,
Блинек изјавата ја даде во саботата доцна ноќта по состаноците што во текот на денот ги имаше со челниците на Турција и Грција на почетокот од еднонеделната турнеја по регионот чијашто цел е смирување на тензиите поради војната, како што вели, меѓу Израел и палестинското движење Хамас.
Во интерес на речиси сите земји на Блискиот исток е да ги зауздаат борбите, изјави Блинкен за новинарите.
„Сакаме да бидеме сигурни дека земјите коишто така се чувствуват, исто така, ги користат своите врски, го користат своето влијание, ги користат своите односи со некои од актерите коишто би можеле да бидат вклучени за да ги држат работите под контрола, за да бидеме сигурни дека нема да дојде до ширење на судирите“, рече американскиот државен секретар пред полетувањето за Јордан.
Либанската шиитска групација Хезболах, која има тесна соработка со Иран, сооопшти во саботата дека истрелала десетици ракети врз цели во Израел. Хезболах соопшти дека нападот е „првата реакција“ на убиството на Салех ал-Арури, заменик-шефот на политбирото на Хамас, во вторникот вечерта во предградие на либанската престолнина Бејрут.
Израелската армија го потврди нападот во близина на северниот град Мерон и рече дека се идентификувани околу 40 проектили додека се приближувале до Израел. Во возвратен удар, била нападната една позиција во Либан од која се лансирани проектилите. Според либанските извори на безбедност, Израел ја гранатирал христијанската населба Рмејш во јужниот дел на Либан. Борбени авиони, исто така, ги ракетирале селата Хула и Јарун, велат изворите.
Овие судири од почетокот на октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.
Бликен во врска со овие престрелки рече дека е „многу важно“ Израел да има „безбедност на северот на земјата“.
„Од перспектива на Израел, јасно е дека не е заинтересиран, дека не сака ескалација… но, исто така, мораат да бидат целосно подготвени да се бранат“, рече државниот секретар на САД.
Оваа изјава на Блинкен следи откако претходно неделава началникот на Генералштабот на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека израелските сили се „сѐ поподготвени решително да ја прошират својата борба против шиитската милиција Хезболах“ во Либан.
„Денеска одобривме различни планови за иднината и мораме да бидеме подготвени за офанзива доколку е потребно… Израелските одбранбени сили и во нивните рамки Северната команда се на многу високо ниво на подготвеност“, рече Халеви во средата за време на посетата на воениот штаб во северниот израелски град Сафед.
Претходно во вторникот поранешниот израелски министер за надворешни работи и за одбрана а сега опозиционер Авигдор Либерман изнесе предлог Израел да заземе територија од соседен Либан којашто воено ќе ја контролира со години за да направи своевидна тампон зона и да ги отфрли борбените позиции на либанското шиитско движење Хезболах подалеку од израелската граница.
Блинек, кој исто така ќе ги посети и арапските земји, Израел и окупираната палестинска енклава Западниот брег, изјави дека доколку напорите за решавање на кризата пропаднат, исходот ќе биде „бескраен циклус на насилства, несигурни животи и судири за луѓето во регионот“.
Рече и дека ќе разгледа што би можело да се стори за да се максимизира заштитата на цивилите во Појасот Газа и да се зголеми испораката на хуманитарната помош за цивилите“.
„Далеку премногу Палестинци се убиени, особено деца“, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар претходно во саботата се сретна со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, жесток критичар на израелските воени дејствија во Газа, чијашто земја за разлија од сојузниците во НАТО, како САД и Европската унија, радикалното исламистичко движење Хамас не го смета за терористичка организација.
Блинкен рече дека Турција е подготвена да ги искористи односите со клучните регионални играчи за да го деескалира судирот.
Блинкен и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан претходно разговараа за војната и хуманитарната помош во Појасот Газа и за турската ратификација на членството на Шведска во НАТО, соопшти турското министерство за надворешни работи.
Вашингтон е фрустриран од долготрајниот процес, но е убеден дека Анкара наскоро ќе го одобри простапувањето на Стокхолм во западниот воен блок, откако позитивно за тоа во декември се изјасни комисијата за надворешни работи на турскиот парламент, изјавил за Reuters неименуван висок функционер на американскиот Стејт департмент кој на патувањето го придружува Блинкен.
Американските конгресмени по многуте санкции за Анкар поради нејзината набавка на руските противвоздушни системи „С-400′, ја одложија продажбата на борбените авиони „F-16“ на Турција додека земјата не го ратификува членството на Шведска во НАТО.
По средбата со Ердоган, Блинек на островот Крит, каде што САД ја воспостауваат својата голема база на што Турција има забелешки, се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Грција, која исто така е членка на НАТО, пак, го очекува одобрувањето на американскиот Конгрес за продажба на современите борбени авиони „F-35“.
Блинкен ја истакна важноста од силното сојузништво меѓу Вашингтон и Атина, додека Мицотакис рече дека двете земји би можеле заедно да помгнат во зачувување на безбедноста во турбулентниот регион.
Вашингтон сака земјите во регионот, вклучително и Турција, да имаат улога во обвновувањето, управувањето и безбедноста во Појасот Газа со која по изборите во 2006 година управува Хамас, по војната со Израел, рекол за Reuters американскиот функционер,