Блинкен го објаснува ривалството меѓу САД и Кина со поддршката на „антилибералниот“ светски поредок од Пекинг

САД и Кина сакаат ред во светот, но Пекинг се залага за „антилибералниот“ светски поредок, што ја објаснува конкуренцијата меѓу двете сили, оцени во понеделникот американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Во текот на целиот период, особено по Втората светска војна, беше очигледно дека светот не се организира самиот посебе. И за САД изборот беше следниот. Ако ние не ја играме водечката улога во тоа, тогаш ќе се случи една до двете работи: или некој друг ќе го прави тоа, можеби Кина, и повторно, веројатно не на начинот кој целосно ќе ги одразуваше нашите интереси и вредности, или, што е исто така лошо, никој да не го прави тоа, а потоа да се создаде вакуум кој се исполнува со нешто лошо, пред да се пополни со добро“, изјави Блинкен во обраќањето на калифорнискиот Универзитет Стенфорд.

Државниот секретар истакна дека САД се заинтересиран да ја играат водечката улога во процесот на организирањето на мирот во светот.

„Според мене, Кина исто така сака ред, но тоа е антилиберален порадок. Поредок кон кој ние се стремиме не е идеален, но е полиберален. И тоа е суштината на ова ривалство“, рече шефот на американската дипломатија одговарајќи на барањето да го коментира текот на 20-от конгрес на Комунистичката партија на Кина кој ќе трае до 22-ри октомври.

Блинкен додаде дека неодамнешните активности на Пекинг „во странство станаа поагресивни и во многу случаи претставуваат предизвик за интересите и за вредностите“ на Вашингтон.

„Американско-кинеските односи се едни од најважните за нас. Тоа се едни од најкомплексните односи. Последните години забележавме некои навистина непријателски аспекти во тој однос“, рече државниот секретар.

Според Блинкен, „светот смета“ на тоа дека САД и Кина ќе најдат начин за соработка во решавањето на клучните меѓународни проблеми, што не смее да се пренабрегне. Станува збор за климатските прашања, глобалниот здравствен систем, борбата со дрогите, додаде.