Блинкен и Бербок обединети против Русија

САД, Германија и другите западни сојузници имаат единствен став за конфликтот во Украина, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со германската колешка Аналена Бербок во Берлин.

„Тоа единство ни дава сила на која Русија не може да ѝ парира“, изјави Блинкен по средбата со германската протагонистка на радикалната неолиберални политики на Зелените.

Блинкен додаде дека Москва „мора да се реши дали е за ексалација или дипломатија“. Повторно ја обвини Русија дека се обидува да ги подели западните сојузници и повторно ги упати заканите дека ќе се соочи со „тешки последици“ ако наводно ја нападне Украина.

Бербок, која претходно престијуваше во Москва каде што рускиот министер Сергеј Лавров јасно ѝ ги предочи ставовите и интересите на Русија, го повтори предупредувањето на Блинкен,

Германската министерка се закани дека на „продолжувањето на руската агресија ќе се одговори со големи последици“ и ја повика Москва „веднаш да направи чекори“ кон деескалација на кризата без да конткретизира кои би биле тие потези.

„Согласни сме дека единествен излез од кризата е политичкиот пат на дијалогото. За жал, Русија во моментов зборува со поинаков јазик“, тврди Бербок којашто пред средбата со Блинкен телефонски разговаеала со колегите од Франција и Велика Британија.
Блинкен во петок патува во Женева каде што ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.