Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по посетата на Скопје, замина на пат за Израел бидејќи примирјето меѓу Израел и Хамас истекува утре наутро.
Тој заедно со останатите гости вечерва се најде на заедничката фотографија до министерот за надворешни работи, Бујар Османи со која беше најавен почетокот на неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на состанокот на ОБСЕ.
На фотографијата го нема министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров кој се очекува да пристигне подоцна во Скопје.
Претставникот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел денеска порача дека добро е што Лавров ќе дојде во Скопје за да слушне и да пренесе зошто Русија е осудена и излолирана.
Од Американскиот Стејт департмент, денеска за „Гласот на Америка“, беше истакнато дека нема очекувања за каква било средба меѓу Блинкен и Лавров, за време на состанокот на министрите на ОБСЕ во Скопје.
Балтичките земји, Украина и Полска во знак на протест поради присуството на Лавров во Скопје не ги испратија министрите за надворешни работи, туку свои делегации.