Блинкен и Ванг разговараа за ситуацијата на Блискиот исток и односите меѓу САД и Кина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји разговараше за неговото неодамнешно патување на Блискиот исток и за американските дипломатски напори во регионот, соопшти Стејт департментот.

Двајцата ја истакнаа важноста да се надгради напредокот постигнат за клучните прашања на самитот меѓу американскиот и кинескиот претседател Џозеф Бајден и Кси Џинпинг во Калифорнија во ноември.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска соопшти дека во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјавил оти промовирањето здрави, стабилни и одржливи односи меѓу Кина и САД е важна задача за Пекинг.

Бајден и Кси за време на разговорите во Сан Франциско минатиот месец се согласија дека нивните земји ќе ја продолжат комуникацијата на ниво на двете војски и ќе соработуваат во борбата против трговијата со дрога.