Соединетите држави гледаат „охрабрувачки напредок“ на украинската противоафанзива започната на почетокот од јуни за враќање на територијата заземена од руските трупи, тврдеше во средата американскиот државен секретар Ентони Блинкен и покрај претходните сомнежи искажани од американските воени функционеи, кој во средата ненајавено допатува во посета на Киев и објави нов пакет воена помош во вредност „поголема од милјарди долари“.
„Многу јасно гледаме голем напредок остварен во противофанзивата и тоа е многу, многу охрабрувачко. Напредокот на противофанзивата забрза последните седмици и новата (американска) помош ќе ѝ даде нов поттик. САД се обврзија да ѝ пружат средства на Украина самата да ја испише својата иднина. Денеска најавуваме нова помиош вредна повеќе од милијарди долари“, го цитира агенцијата AFP Ентони Блинкен на состанокот со украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Досега, американската влада ѝ дала на Украина повеќе од 43 милијарди американски долари во оружје и друга воена помош. Новиот пакет воена помош ќе биде објавен подоцна оваа седмица.
Зеленски предупредил дека Украина ја очекува „тешка зима“. „Меѓутоа, среќни сме што не сме препуштени самите на себе. Ќе се соочиме заедно со нашите партнер“, рекол украинскиот претседател во текот на средбата со американскиот државен секретар. Им се заблагодарил на САД на пружената помош во енергетскиот сектор кој минатата година беше уништен во систематското целно ракетирање на руската војска.
Шефот на американската дипломатија допатува во средата во ненајавена посета во средата, кога украинската армија којашто претходно во средата објави дека ги соборила сите руски ракети истрелани врз Украина, подоцна објави дека во бил гаѓан „преполн пазар“ во градот Констјатиновка, кој се наоѓа на самата линија на фронтот и притоа биле усмртени најмалку 17 лица, меѓу кои и дете, а 32 лица се ранети.
Констјатиновка е град на административната граница на регионот Доњецк кој се отцепи по превратот во Киев во 2014 година, а се наоѓа на помалку од 20 километри од Бахмут кој е под контрола на руската војска, којашто од три правца напредува кон Консткантиновка. Руското Министерство за одбрана не коментираше воени дејствија околу овој град во извештајот во средата, но редовно ги отфрла наводите дека напаѓа цивилни цели.
Освен објавата на новиот пакет воена помош, целта на посетата на Блинкен е да ја поддржи украинската противофанзива, којашто неодамна неименувани американски функционери ја критикуваа како пребавна, со слабо напредување и премногу жртви, што во Киев предизвика стравување од можно ускратување на помошта од Западот.
Блинкен, првиот висок американски функционер кој го посети Киев од почетокот на противофанзивата на почетокот од јуни, во украинската престолнина разговарапе и со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба кој изиритиран од критиките за пребавната и преслаба противофанзива минатата седмица им порача на американсите критичари „да замолчат“ или „да дојдат самите да ослободат барем сантиметар од минираната земја“.
На средбата со Блинкен, Кулен изјави дека американската помош за Украина „не е чин на милосрдие, туку овозможува да се запре руската агресија“.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на редовниот дневен брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ на прашањето за посетата на Ентони Блинкен на Киев рел дека Мосва е уверена дека Вашингтон има намера да продолжи д аја финансира украинската војска „за да ја води оваа војна до последниот Украинец“. Песков порача и дека, како и претходно, американската воена помош за Киев нема да влијае врз текот и исходот на воените дејствија која Русија ги нарекува „специјална воена операција“ сигнализирајќи дека војната не ја води со сите расположиви средства.
Белата куќа истовремено во средата најави дека во новиот пакет воена помош ќе бидат испорачани ракетите со долг дострел HIMARS, противтенковските преносни системи „Javelins“ и тенковите „М-1 Abrams“, како и друго оружје.
Блинкен во текот на возењето со воз до Киев разговарал и со данската премиер Мете Фредерискен, која исто така го посети Киев, пишува Reuters. Американскиот државен секретар иѝ се заблагодарил на данската премиерка за објавата дека нејзината земја ќе донира борбени авион „F-16“ за Украина и за учество во коалицијата земји кои ќе ги обучуваат украинските пилоти, соопштија од Стејт департментот.
Холандија и Данска на Украина ќе ѝ ги испратат првите борбени авиони од американско производство „F-16“, а првите испораки ќе бидат реализирани околу Нова година.
Двете земји, според отворени извори, располагаат со околу 60 функционални летала „F-16“ и десет такви авиони за обука. Според податоците на министерството за одбрана, Холандија во функција има 24 авиони од моделот „F-16“ кои постепено ќе бидат повлечени од употреба до средината на 2024 година. Уште 18 авиони произведени од американскиот концерн „Lockheed Martin“ се достапни за продажба, од кои 12 се веќе продадени но сѐ уште не дефинитивно.
Холандија, така има на располагање 42 авиони „F-16“, но допрва треба да реши дали сите ќе му ги предаде на Киев, рече премиерот Марк Руте откако претходно во неделата беше домаќин на Зеленски. Украина се надева дека Холандија би можела да ѝ ги предаде авионите „F-16“, бидејќи холандските вооружени сили преминуваат на повеќенаменските американски ловци од последната генерација „F-35“.
Данска ќе испорача вкупно 19 млазни авиони, а првите шест на Украина треба да ѝ бидат испорачани околу Нова годна. Потоа во текот на 2024-та, засега нема одреден временски рок, ќе бодат успорачани уште осум, а уште пет во 2025 година, рече данската премиерка Мете Фредериксен.