Блинкен на Лавров ќе му даде понуда за Американците затворени во Русија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави во средата дека планира наскоро да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, првпат по почетокот на војната во Украина кон крајот на февруари, и спомена дека САД ѝ „дале значајна понуда“ на Русија за ослободување на двајца Американци.

Телефонскиот разговор, кој е „предвиден во текот ка следните денови“, нема да биде посветен на преговорите околу Украина, туку ма Американците кои се осуден за престапи во Русија, како и за „обновувањето на украинскиот извоз на житарки“, прецизираше Блинкен ово текот на прес-конференцијата.

„Планирам да ја покренам темата којашто за нас е приорите: ослободување на Пол Вилан и Бритни Грејнер, кои неправедно се уапсени и на кои треба да им се дозволи враќање дома. Ставивме значајна понуда на масата пред неколку седмици за да ги олесниме овие ослободувања“, додаде шефот на американската дипломатија одбивајќи да прецизира за каква „понуда“ станува збори.

Кошаркарката Грејнер е во притвор од средината на февруари под обвинение за внесување дроги во Русија, откако наркотиците се пронајдени во нејзиниот рачен багаж со „течна супстанција со специфичен мирис“ на московскиот аеродром откако допатувала од Њујорк. Експертизата покажала дека станува збор за масло од хашиш, според рускиот Истражен комитет и за ова дело ѝ се заканува до десет години затвор.,

Грејнер, според тврдењата на САД, тврди дека наводно ѝ било кажано да потпише документи наводно без никакво објаснување, а преведувачот наводно само пренел „само дел од нејзините детални одговори“ во текот на истрагата по приведувањето на аеродромот.

Случајот на поранешниот американски маринец Вилан датира од 2018 година, кога е уапсен во операција на руското разузнавање насочена против странски шпиони. Беше обвинет за шпионажа и осуден на 16 години затвор во ткн казнена колонија, односно работен затвор. Неговиот татко повеќепати престојуваше во Москва и тврдеше дека тој допатувал во Русија за да присуствува на некоја свадба. Американецот не се жалеше и во моментов ја отслужува казната во Мордовија надевајќи се на размена на шпиони меѓу Вашингтон и Москва, што досега не се оствари.

Американската телевизиска мрежа CNN набрзо по изјавата на Блинке објави дека „понудата“, којашто „лично ја одобрил претседателот Џо Бајден“ на Вашингтон всушност значи дека двајцата Американци ќе бидат разменети за рускиот претприемач Виктор Бут кој во американски затвор од 2008 година, кога беше уапсен на Тајланд од припадници на американските тајни служби.

Бут беше обвинет за наводно планирање заговор за убиство на Американци и материјална поддршка на тероризам, а тој ги отфрли обвинувањата по сите точки. Во Тајланд тој доби два процеса против неговата екстрадиција во САД, кои потоа под притисок од Вашингтон беа поништени и додека сѐ уште беше под јурисдикција на тајландската влада беше пренесен во Њујорк каде што во 2012-та беше осуден на минимална казна според обвинението – на 25 години затвор.

Неодамна поранешниот американски амбасадор во Москва, Мајкл Мефоул, ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден да ги размени двајцата Американци за Бут кој тргувал со оружје.

Блинкен додаде и дека има намера со Лавров да разговара за договорот од минатата седмица во Истанбул, всушност поради одбивањето на Киев два засебни договори на Русија и Украина со Обединетите нации, да се овозможи, како што во најновите објави сега тврди Вашингтон – околу 25 милиони житарки во странство преку украинските црноморски пристаништа.

„Се надеваме дека овој договор брзо ќе овозможи повторно испраќање на украинското жито преку Црното Море и дека Русија ќе го почитува своето ветување да им го дозволи преминот на тие бродови“, рече Блинкен без да се осврне на обврските на владата во Киев.