Блинкен не очекува голем напредок во преговорите со Русија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во неделата дека не очекува голем напредок во американско-руските безбедносни преговори оваа седмица, но се надева дека сепак постојат области во коишто двете земји може да се согласат.

„Не верувам дека во седмицата којашто е пред нас ќе видиме какви и да се големи придвижувања“, изјави Блинкен во емисијата „State of the Union“ на амераканската телевизиска мрежа CNN.

Блинкен ја предупреди Русија на „опасност од судир“ пред почетокот на исклучително тензините преговори за ситуацијата во Украина кои ќе се одржат во Женева.

„Од една страна постојат и дијалгот и дипломатијата со коишто може да се направи обид да се решат некои од разликите и да се избегне судирот. А другиот начин се судирот и големите последици за Русија, доколку оваа земја ја повтори агресијата на Украина. Токму ни се пружа приликата да видиме кој пат е подготовтен да ги избере претседателот (на Русија, Владимир) Путин“, се закани американскиот државен секретар.

САД и Русија во неделата во швајцарска Женева ги започнуваат преговорите за зголемените тензии за ситуацијата во Украина, при што Москва бара сеопфатен и правно обврзувачки договор за безбедноста во Европа со Западот, за неширење на НАТО кон руските граници и нераспоредување стратешко вооружување во нивна близина.

Преговорите меѓу високи делегации од САД и Русија ја отвораат седмицата на дипломатијата во којашто уште ќе се одржат и состаноците на Советот НАТО-Русија во Брисел и на ниво на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а Вашингтон се обидуваат да ги убедат европските сојузници дека нема да бидат турнати настрана.

Во неделата во Женева веќе пристигнаа руските преговарачи, коишто ги предводи заменикот на министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков. Тој во неделата повтори дека Москва бара гаранции дека Алијансата нема да се шири на истокот или да отвора нови бази во земјите од поранешниот Советски сојуз, и дека неостварувањето на таков договор ќе ја загрози стабилноста и безбедноста на Европа, затоа што руската страна ќе биде присилена соодветно да одговори.

САД, коишто ќе ги претставува во Женева заменичката на државниот секретар Венди Шерман, се согласија на преговорите иако повеќепати порачуваат дека многу од предлозите на Русија не се добар почеток на преговорите.