Земјите треба да ги третираат дејствијата на руската државна медиумска групација RT како тајни разузнавачки операции, изјави во петокот американскиот државен секретар Антони Блинкен објавувајќи новите санкции насочени кон наводните кампањи за влијание на Русија во странство.
Американското Министерство за финансии на 4-ти септември воведе санкции против главниот уредник на руската државна медиумска групација Россия сегодня, Маргарите Симонјан, како и против нејзините заменици Антон Ансимов и Елисавета Бродска. Покрај нив, санкционирани се и шефот на информативната програма на RT, Андреј Кијашко, шефот секторот за проекти во дигиталните медиуми Константин Калашников и други вработени во телевизијата.
Во меѓувреме беше објавено дека вооружени агенти на американското Федерално биро за истраги (FBI) насилно и со упоптреба на сила упаднале во домот на дописничката на RT од Мајами каде вршеле претрес, испитувајќи ја за соработници на телевизијата, за канали за финансирање
Минатата седмица, Вашингтон покрена обвиненија против двајца вработени во RT за наводно перење пари и ја санкционираа главната уредничка Маргарита Симонјан за, како што велат, план да ангажира американска компанија која ќе произведува онлајн содржина и на тој начин ќе влијае на овогодинешните претседателски избори во САД.
Блинкен им рече на новинарите во Стејт департментот дека руските медиуми всушност „функционираат како де факто продолжување на рускиот разузнавачки апарат“. „RT го надмина досегот на медиумската платформа и има сајбер способности и спроведува тајни странски информативни кампањи, како и кампањи за влијание“, рече Блинкен, цитирајќи нови информации без да приложи докази, од кои повеќето наводно доаѓале од вработените во RT.
„Денеска објавуваме дека овие медиуми спонзорирани од Кремљ не само што ја играат оваа прикриена улога на влијание за да ја поткопаат демократијата во Соединетите држави, туку и се мешаат во суверените работи на земјите ширум светот“, тврдеше Блинкен.
САД, Велика Британија и Канада ќе соработуваат во дипломатска кампања за да ги обединат партерите и да го информираат другите земји „за напорите на Русија, вклучително и со споделување докази“, рече Блинкен но тие докази не ги сподели со новинарите.
„Секоја влада, се разбира, ќе одлучи како да одговори на оваа закана, но го повикуваме секој сојузник, секој партнер, да почне да ги третира активностите на РТ како што би ги третирале сите други руски разузнавачки активности во нивните граници“, рече Блинкен.
Истакна дека американските дипломати ширум светот добиле инструкции: тие мора да им дадат на своите сојузници „доказ“ за тоа какви способности наводно има RT и како каналот ги „користи“ во различни држави.
Владите на земјите самостојно ќе одлучат како да одговорат на оваа закана, но САД, нагласи Блинкен, повикуваат да ги перцепираат активностите на RT на ист начин како што „тие ги перцепираат другите активности на руските разузнавачки служби во нејзините граници“.
Дополнително, шефот на американската дипломатија најави воведување санкции против три структури и две лица за „тајните операции на глобално влијание на Москва, вклучително и мешање во демократијата и претстојните избори во Молдавија“. Сепак, тој не даде никакви докази или податоци а тоа.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, пак, потврди дека американските власти ќе преземат други мерки за да се спротивстават на RT во иднина.
Американското Министерство за финансии, пак, најави воведување рестриктивни мерки против Russia Today и нејзиниот извршен директор Дмитриј Киселев. Издаде генерална уредба, наредувајќи да се затворат финансиските трансакции со медиумската групација до 13-ти ноември.
Џејмс Рубин, специјален пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот, рече дека RT наводно се користи за да влијае на резултатите од изборите во други земји. Се тврди дека агенцијата идентификувала такви случаи во Аргентина, Германија и Франција.
Ако не може да се постигне посакуваниот резултат, тогаш, како што рече Рубин, телевизијата наводно се користи за манипулирање со масите, поттикнување насилство и создавање можност за соборување на власта.
И Рубин не даде никакви конкретни факти за да ги поткрепи обвинувањата. Од друга страна Русија постојано ги отфрла сите обвинувања дека не се меша во изборните процеси на другите држави, и посочува дека токму САД преку своите амбасади го прават тоа.