Блинкен патува во Лондон на разговари за Блискиот исток и Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен патува во Лондон каде што ќе разговара за кризата на Блискиот исток и војната во Украина, објави во неделата Стејт департментот.

Блинкен треба да пристигне во Велика Британија во понеделник во дводневна посета, пред посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Вашингтон подоцна седмицата.

Највисокиот американски дипломат е подготвен да „отвори стратешки дијалог меѓу САД и Велика Британија, потврдувајќи ги нашите специјални односи“, наведува впортпаролот на Стејт департментот, Метју Милер во кусото соопштение.

„Додека е во Лондон, секретарот Блинкен ќе се сретне и со високи владини претставници за да разговараат за низа клучни прашања, вклучително и Индо-пацификот, партнерството на АУКУС, Блискиот Исток и нашите заеднички напори да обезбедиме поддршка за Украина.

Во четвртокот Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на Стартер во петок во Вашингтон на билатерален состанок.

Поддршката за Украина во војната против Русија, постигнувањето договор за прекин на огнот за ставање крај на војната во Газа и напнатата ситуација во Индо-пацификот се меѓу точките на нивниот дневен ред.