Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во саботата го осуди „гнасниот“ чин и „тероризмот во сите негови форми“, еден ден по нападот во Москва во кој загинаа според последните официјални информации 140 лица.
„Го осудуваме тероризмот во сите негови облици и ја изразуваме нашата солидарност со рускиот народ додека тагува за загубените животи по овој ужасен настан“, рече Блинкен во соопштението објавено од Стејт департментот.
Во масакрот во петокот вечерта во концертна сала во близина на Москва убиени се 140 лица од кои 50 се иднетификувани до саботата вечерта. Според непотврдени информации на руските медиуми, поеќето од жртвите се задушиле од чадот предизвикан од запалливите гранати кои ги користеле терористите. Уште стотина луѓе се хоспитализирани во московските болници, од кои поеќето се во критична состојба.
Тоа е еден од насмртоносните напади во Русија од опсадата на училиштето во Беслан во Северна Осетија во 2004 година, кога исламистичките милитанти зеле како заложници повеќе од 1.100 луѓе а меѓу нив 777 беа деца, во драмата џихадистите убија 334 заложници од кои 186 деца а руските безбеднсни лица заубија 21 припадник.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а Киев веднаш негираше каква било вмешаност. Меѓутоа, руските истражни и разузнавачки служби велат дека според признание на некои од 11-те уапсени осочничени, вклучително и четворицата директни извршители, тие имале конаткти со некого во Украина. Покрај тоа, четворицата директни извршители на очигледно планиран напад, веднаш по нападот се упатиле кон границата со Украина и рано утрото во саботата се уапсени во областа Брјанск, на стотина метри од границата.