Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот потврди дека САД не сакаат да го откупат Гренланд, откако пред неколку години реализацијата на дамнешната идеја на Вашингтон ја најави претходниот американски претседател Доналд Трамп, предизвикувајќи тогаш дипломатски тензии.
Седејќи покрај данскиот министер за надворешни работи Јеп Кофод, грендланскиот премиер Муте Егеде и министерот за надворешни работи Пеле Броберг во текот на прес-конференцијата, шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен на новинарско прашање потврди дека е „точно“ дека САД не се обидуваат да ја откупат оваа автономна данска територија.
Блинкен го посети Гренланд откако на Исланд учествуваше во работата на Арктичкиот совет, велејќи дека тоа е сигнал на желбата на Вашингтон да ги зајакне врскит со нашите „арктички партнери, Гренланд и Данска“.
Во 2019 година тогашниот американски претседател Доналд Трамп и еден од неговите економски советници потврдија дека било дискутирано за можноста да се откуп најголемиот остров на светот. Данската премиерка Мете Фредериксен тогаш возврати дека Гренланд не е на продажба и предлогот го нарече „апсурден“.
Тоа не беше првиот обид на Вашингтон да го купи Гренланд, треба да се потсети дека по Втората светска војна, претседателот Хари Труман ѝ понудил на Данска тогашни 100 милиони долари, но оти понудата била одбиена.
Броберг во четвртокот рече дека имало „некои нагаѓања“ за продажба на Гренланд поради неговата стратешка важност, но дека посетата на Блинкен „не е доживеана како купопродажен договор“.
„Купопродажниот договор означува земја без ништо и никој на неа. Државниот секретар Блинкен јасно рече дека е тука поради луѓето кои живеат на Арктик, поради луѓето кои живеат на Гренланд“, рече Броберг.
Но кога во април 2020 година Владата на Гренланд објави дека ја прифатила американската понуда во износ од 12,1 милиони долари, Данска ја критикуваше најавата од Вашингтон.
Гренланд, на кој живеат околу 56.000 луѓе е богат со природни ресурси и има воено-стратешко значење, е автономна територија во рамките на Данска. Од 2009 година Гренланд е во голем дел независен од Данска во економската политика, додека валутата, надворешната политика и одбраната остана во надлежност на Копенхаген.
Пакетот на економската помош на владата на САД за Гренланд тогаш предизвика критики во Данска, помалку од една година откако оваа земја ја одби понудата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи овој голем острав на Арктикот.