Блинкен: Путин сака да ја изврти историјата за да ја оправда војната во Укриана

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во саботата дека наводно рускиот претседател Владимир Путин се обидува „да ја изврти историјата за да ја оправда својата непредизвикана и свирепа војна против Укриана“.

„Додека војната повторно беснее во Европа, мораме да ја зголемиме својата решителнсот да им дадеме отпор на оние кои сека сакаат да манипулираат со историските чувства за да ги остварат своите сопствени амбиции“, изјави Блинкен по повод 77-годишнината од победата над нацистичка Германија.

„Одбележувајќи го крајот на Втората светска војна, имаме света должност кон загинатите да ја зборуваме вистината за минатото и да ги поддржиме сите оние во нашата ера кои се борат за слободата“, додава шефот на американката дипломатија.

Во обидите да го избегнат споменувањето на придонесот на советската Црвена армија во победата над нацистичка Германија и заедничкото одбележување на крајот на Втората светска војна, Западот го одбележува 8-ми мај, а Русија ден подоцна на 9-ти мај. САД, исто така, последните години го избегнуваат и традиционалното одбележување на среќавањето на американските и руските трупи на реката Елба во западна Германија непосредно пред крајот на војната.

Според пишувањата на западните медиуми, а кои засега не се потврдени во Москва, наводно Кремљ годинава повторно ќе ја организира големата воена парада на московскиот Црвен плоштад со демонстрација на руската воена моќ и се очекува говор на претседателот Путин за војната во Украина.