Во обидот за правење натамошни чекори во јакнењето на нарушените билатерални односи, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделникот телефонски разговарал со палеститнскиот челник Махмуд Абас за потребата од реформи во Палестинската самоуправа, соопшто американскиот Стејт департмент.
Американскиот претседател Џо Бајден настојува да ги поправи врските со Палестинците длабоко нарушени откако неговиот претходнник на должноста Доналд Трамп по долги децении реши да го потпише законот донесен во Конгресот и да ја пресела амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, со што дефакто го прогласи за престолнина на Израел. На тоа следеше жестока реакција на мислиманскиот свет и Палестинците, кои инсистираат источен Ерусалим, заземен од Израел во Шестдневната војна во 1967 година, да биде галвен град на идната нивна држава. На тоа следеше намалување на американската помош за Палестинците на Западниот брег (на реката Јордан) и во Појасот Газа, а беше затворен и американскиот конзулат за Палестинците во Ерусалим.
Администрацијата на Бајден ја обнови помошта и вети повторно отворање на конзулатот, и покрај противењето од Израел. Истовремено повикувајќи го Абас да направи промени во некои свои политики, вклучително и оние кои се однесуваат на исплатата на надоместоците за Палестинците кои се заточени во израелските затвори, а кои се сметаат за национални јунаци.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на брифингот во понеделникот на новинарите не им ги спомена надоместоците за затворениците, но рекол дека Блинкен и Абас разговарале за „потребата од реформи во Палестинската самоуправа“.
Двајцата разговарале и за „неопходноста од подобрување на квалитетот на живеење на палестинскиот народ на опипливи начини“, рекол Прајс.
Коментирајќи го телефонскиот разговор, кабинетот на Абас не ја споменува дискусијаа за реформите во рамките на Палестинската смоуправа, коај има ограничена власт на Западниот брег, која Израел исто така ја зазема во војната од 1967 година и ја анектира постојано населувајќи ја со еврејски доселеници.
Абас му порачал на Блинкен дека Израел „мора да го запре злоставувањето на затворениците (…) и задрживањето на данокот“. Имено, Израел од 2018 година започна да ја одбива вредноста на надоместокот за затворениците од данокот кој го собира во името на Палестинската самоуправа и ѝ го пренесува месечно.
Израел и САД сметаат дека финансиските надоместоци, кои месечно им се распределуваат на затворениците, а меѓу другото и на семествата на Палестинците убиени при изведување напади, ги поттикнуваат натамошното насилство.