Блинкен разговараше со својот кинески колега во Минхен по тензиите околу балонoт

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се состанал со шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји во саботата на маргините на Минхенската безбедносна конференција, а средбата е одржана во периодот на тензии околу кинескиот шпионски балон соборен над Соединетите држави, како што тврди вашингтон.

„Можеме да потврдиме дека државниот секретар Блинкен го заврши состанокот со … Ванг Ји на маргините на Минхенската безбедносна конференција“, потврдил преку електронска пошта претставник на Стејт департментот кој сакал да остане анонимен.

Неполни два часа претходно, агенцијата Reuters објави дека конвој возила со Блинкен го напуштил хотелот и се упатил во непознат правец.

Спорот околу соборувањето на балонот, кој ги прелета целите САД додека не беше соборен од американски борбен авион по наредба на претседателот Џо Бајде повторно ги затегна односите меѓу двете сили во време кога Западот безуспешно се обидуваше да издејстува децино оградување на Кина од руските воени активности и внимателно ги следи ја следи спозицијата на Пекинг за војната во Украина.

Претходно во саботата, Ванг ги обвини САД дека „хистерично“ реагира на инцидентот со кинескиот балон, очигледно кршејќи ги меѓународните правила кога го соборија балонот за кој Пекинг сѐ уште тврди дека имал метеоролошко-научни цели и поради лоши временски услови е загубена контролата над него кога заталкал во американскиот воздушен простор.

„Има толку многу балони во светот, и што сега, дали САД ќе ги соборуваат сите? Ова е јасна злоупотреба на воената сила и јасно кршење на правилата на меѓународната авијација“, рече шефот на кинеската дипломатија.

„Ги повикуваме САД да покажат искреност и да ги поправат своите грешки, да го решат овој инцидент што ги наруши односите меѓу САД и Кина. Се надеваме дека САД ќе водат позитивна политика кон Кина и ќе работат со Кина за да ги вратат нашите односи на патот на здрав развој“, рече Ванг. “, додаде тој.

Поради балонот, Блинкен ја одложи својата претходно планирана посета на Пекинг за 5-ти и 6-ти февруари, што ќе беше прва посета на американскиот државен секретар на Кина во најмалку последните пет години и можност за двете земји да ги стабилизираат сè покревките врски.

Претседателот Бајден во четвртокот рече дека нема да се извини за соборувањето на кинескиот балон и дека истото ќе го направи со сите летечки објекти кои ја загрозуваат безбедноста на САД, но рече и дека не сака нова Студена војна и најави можна средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг.