Блинкен се надева на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас пред посетата на Блискиот Ист

„Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека ќе биде договорен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење во нападот врз еврејската држава на 7 октомври“, објавија британските медиуми. Тој предупреди дека „100 отсто“ од населението на Појасот Газа е во „ситуација на сериозна несигурност и недостаток од храната“.

Нови преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас почнаа вчера во Доха. Израел со понуда за шестнеделно примирје доколку бидат ослободени 40 заложници, Хамас со предлог договор кој предвидува три фази. Ослободување на 35 заложници во замена за 350 затвореници и шестнеделен прекин на огнот. Втората фаза предвидува ослободување на главните рути кон северот од земјата и третата фаза договарање на траен мир.