Шефот на американската дипломатија, Антони Блинкен, во вторникот повтори дека секое подобрување на односите со талибанските лидери во Авганистан зависи од нивниот однос кон жените, две години по враќањето на фундаменталистите на власт.
Ниту една земја не го призна талибанското владеење, а Соединетите држави избегнуваат секакво директно економско вклучување, делумно поради исклучувањето на жените од средното и високото образование и од јавната сфера.
„И во иднина ќе настојуваме талибанит да ги положат сметките за многуте обврски што ги презедоа а не ги исполнија, особено во однос на правата на жените и девојчињата“, рече Блинкен пред новинарите.
„Ние бевме многу јасни со талибаните, и десетици земји во светот беа многу јасни, патот кон понормални односи меѓу талибаните и другите земји ќе биде затворен додека, меѓу другото, правата на жените и девојките не се почитувани“, додаде Блинкен.
Наречен #AfghanGirlsVoices, Глобалниот фонд на Обединетите нации за образование во итни случаи и кризи „Education Cannot Wait” (ECW – Образованието не може да чека) започна кампања за правата на сите авганистански девојките и жените во образованието, започната во вторникот, на втората годишнина од враќањето на талибаните на власт по хаотичното повлекување на америкнските и сојузничките војски од земјата по двеасетгодишната војна.
Претходниот американски претседател Доналд Трамп, еден од ретките челници на САД во чиј мандат не е започната ниедна војна, вети дека ќе стави крај на сите војни што ги водеше Вашигнтони и повеќе години водеше тешки преговори со политичките претставници на талибаните во Катар и на авганистанската влада која ја поддржуваѓе меѓународната заедница, по што беше постигнат дововор до средината на август од Авганистан да бидат повлечени странските трупи.
Неговиот наследник на должноста Џо Бајден следејќи го договорот нареди повлекување од Авганистан, што се претвори во катастрофа на 15-ти август 2021 година, што беше жестоко критикувано поради слабото планирање на операцијата и хаотичното повлекување, што придонесе талибаните без никаков отпор за неколку часа да влезат во главниот град Кабул од каде избега владата.
Како одговор на новинарско прашање, Блинкен го бранеше повлекувањето.
„Одлуката за повлекување од Авганистан беше неверојатно тешка, но вистинска. Ја завршивме најдолгата војна на Америка. Привпат по две децении немаме генерација млади Американци коишто одат во борба и во смрт“, се бранеше Блинкен.
Во изминатите две години, талибанските власти наметнаа строго толкување на исламот и донесоа низа одлуки против правата на жените, кои ОН ги нарекуваат „полов апартхејд“.