Цените на нафтата се искачија до 82 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи убиството на лидерот на палестонското движење Хамас во Иран ги зголеми тензиите на Блискиот исток, туркајќи ја кинеската побарувачка поддалеку од центарот на вниманието.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 1,95 долари во однос на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 80,58 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 2,14 долари поскапо, по 80,21 долари.
Одделно, Организацијата не земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во вторникот барелoт од референтнта нафтена кошница на нејзините членки поевтинил за 1,08 долари, на 79,58 долари.
Пазарите се фокусираа на бранот тензии на Блискиот исток во средата по убиството на палестинскиот лидер на Хамас, Исмаил Хание во Техеран. Израел најави дека неговата цел е да го уништи Хамас. Малку порано израелската влада објави дека наводно го убила главниот командант на либански Хезболах во воздушен напад крај Бејрут.
САД, од друга страна, извршија истовремено одвоен напад врз вооружените шиитски милиции во Ирак.
Трговците стравуваат дека убиствата на лидерите на Хамас и Хезболах и американскиот напад би можеле да поттикнат вооружени конфликти во регионот кој произведува една третина од светската нафта, ставајќи ја загриженоста за кинеската побарувачка на втор план.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници големи независни извозници предводени од Русија ќе се состанат на крајот од седмицагт за да ја преиспитаат политиката на производство. Од октомври планираат да пласираат повеќе барели на пазарот, сметајќи на посилна побарувачка. Министрите на картелот познат како OPEC+ ќе се состанат онлајн во четврток како дел од комитетот за следење (JMMC) кој го следи соодносот меѓу понудата и побарувачката.
Денеска, цените беа поттикнати и од американскиот долар, кој ослабе за 0,4 отсто во однос на кошницата други клучни валути, поддржувајќи ја куповната моќ на клиентите со други валути и потенцијално зајакнување на побарувачката.
Податоците за залихите во САД сигнализираат паралелна силна побарувачка за гориво во екот на летната сезона на патувања. Пазарните извори рекоа дека залихите на сурова нафта, бензин и дестилати паднале минатата седмица, според извештајот на здружението на производители на API. Министерството за енергетика во текот на денот треба да објави официјални податоци.